За да се испрати барање за екстрадиција на Груевски, треба да му се тргне азилот, вели Мицкоски

Поранешниот премиер Никола Груевски, кој е во бегство во Унгарија, сè уште има азил и од тие причини не е пратено ново барање за екстрадиција, вели премиерот Христијан Мицкоски по обвинувањата од опозицискиот СДСМ дела власта ја одолговлекува постапката за екстрадиција.

Во однос на споредбата со Полска, која веќе побара екстрадиција на свои поранешни функционери, Мицкоски вели дека станува збор за различни случаи.

„Тие немаат азил – полските поранешни членови на влада. Во нашиот случај поранешниот премиер има азил. За да се испрати барање за екстрадиција, треба прво процедура, да се тргне азилот. Тоа е прво. Ако испратиме сега, ќе добиеме негативен одговор. Можеме утре да го испратиме, нема проблем, само дајте малку суштински да ги гледаме работите. А опозицијата нека го побара Васко Ковачевски нека дојде“, кажа Мицкоски.