Кокаин и лекови за смирување пронајдени кај Стојанче Јовановски

Денеска во Кривичниот суд продолжи судењето против Стојанче Јовановски, кој се товари за три кривични дела, меѓу кои и наведување на самоубиство.

Денеска во Кривичниот суд продолжи судењето против Стојанче Јовановски, кој се товари за три кривични дела, меѓу кои и наведување на самоубиство.

На рочиштето исказ даде обвинетиот Јовановски, кој во детали зборуваше за односот со сега покојната Ивана, како и за сведокот Мартин Саздов, со кој, според неговите тврдења, Ивана била во врска.

Стојанче Јовановски изјави дека Мартин Саздов му признал оти тој и Ивана наводно му ставиле дрога во автомобилот со цел да заврши во затвор.

Тој додаде дека на кобниот ден сите тројца ја земале Катја од училиште, при што го обвини Саздов дека ја навел Ивана на самоубиство.

„Мартин рече: ‘Види какво детенце имаш, нели ти е жал да го изгубиш, јас да сум на твое место подобро би се убил отколку ова да го направам’. Јас си играв со Катја и стигнавме пред нашата зграда. Ивана инсистираше да се качи сама со Катја во станот. Јас се спротивставив и на крај сите заедно се качивме. Кога сакав да влезам во станот за да ги почекам додека се подготват, ми се вратија мислите за тоа што ми беше подметнато во колата и им го кажав тоа. Мартин почна да негира и ме влечеше да излезам од станот. Се спротивставував, но Катја се вознемири и затоа излегов. Се симнавме јас и Мартин. Ивана ми ѕвонеше, не ѝ се јавив, па му ѕвонеше на Мартин и му кажала дека ќе ми се јави на видео повик. Се јавив и ја видов Ивана со Катја во раце. Катја беше во лила џемперче. Почнав да викам ‘Ивана, Ивана’, се упатив кон влезот и слушнав силен тресок. Потоа излеговме кон пролазот меѓу зградата и кафулето, а Мартин викаше ‘Ивана паднала’. Јас се вознемирив, излегов на улица и се фрлив пред кола, која ме удри по ногата. Ја отворив вратата и им реков да свртат десно за да ми помогнат. Потоа повикав брза помош, мислејќи дека се живи. Потоа не се сеќавам многу — дојдоа полицајци и ме смируваа, ми велеа ‘добри се, добри се’“, сведочеше Јовановски.

Пред неговиот исказ, пред судот сведочеа и лекарите од тимот за обдукција.

Според нив, во анализите на крвта на Ивана не биле пронајдени траги од алкохол, дрога или лекови.

Истовремено, во крвта и урината на Стојанче било утврдено присуство на кокаин и дијазепам, но според лекарите не може со сигурност да се утврди дали тие биле земени на самиот ден на настанот или ден-два претходно.