Има опасност од авторитаризам, рече Сиљановска на форумот во Анталија

Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова на Дипломатскиот форум во Анталија, Турција, изјави дека повеќе од кога било на светот му се потребни одговорни лидери, рано предупредување на ризиците, како и превентивна, наместо реактивна дипломатија. Таа нагласи дека има растечка опасност од авторитарни тенденции и ремилитаризација, како и на сериозната криза на политичкото лидерство.

Сиљановска се обрати на „Панелот на лидери“ на тема: „Мапирање на иднината, управување со неизвесностите“.

Според неа, меѓународното право не може да се применува и почитува, без силни и стабилни меѓународни институции. Таа укажа на неодложната потреба од длабока реформа на ОН, но и на Европската унија.

Во врска со Западниот Балкан, Сиљановска-Давкова го реафирмираше ставот дека евроинтеграциите не се само политичко, туку и безбедносно прашање, а отпорноста на трети страни е возможна само ако сме внатре во ЕУ. Таа го повтори она што често го зборува – дека членството во ЕУ не може да се условува со преговори за идентитетски прашања, култура, историја и јазик.

На панелот учествуваа претседателот на Казахстан, Касим-Жомарт Токаев, и премиерот на Грузија, Иракли Кобахиѕе, чија влада се сврте кон Москва, ги замрзна преговорите со ЕУ и жестоко се пресметува со опозицијата.