Ученикот во Турција, кој изврши масакр во училиште, бил инспириран од американски убиец
Турската полиција објави нови информации за трагичниот инцидент во кој тинејџер уби девет лица во училиште во Кахраманмараш. Ова е втор напад врз образовна институција во Турција во период од само 24 часа. Покрај деветте жртви, во нападот се повредени уште десетици лица.

Истрагата открила дека напаѓачот бил инспириран од американски масовен убиец.
-Извршителот користел слика на својот профил на „WhatsApp“ која упатува на Елиот Роџер. Елиот Роџер е 22-годишен Американец кој во 2014 година во Калифорнија уби шест лица, а потоа се самоуби. Роџер пред својот чин изразувал фрустрација од приватниот живот и одбивањето од страна на жените, оставајќи зад себе манифест кој стана инспирација за слични напади ширум светот, заклучиле властите.
Безбедносната ситуација во турските училишта е под зголемен надзор по серијата насилства. Само еден ден претходно, во друг инцидент, ученик од осмо одделение почнал да пука, по што си го одзел животот. Полицијата продолжува со истрагата за да утврди дали овие два случаи се поврзани или се работи за изолирани инциденти инспирирани од социјалните мрежи.