Во главниот град на Србија и во 50-тина поголеми населени места иницијативата „Тргни промени“ и движењата собрани околу Еколошкото востание денеска се организирале масовни протести со блокади на повеќе магистрали. Забележани биле и неколку инциденти, јавуваат тамошните медиуми.
Протестите биле со барање за ослободување на сите уапсени во протести од минатата сабота, повлекување на Законот за експропријација и измени на Законот за референдум и народната иницијатива.
Најмасовни протестите биле во Белград. Таму биле забележани неколку инциденти и провокации.
Протести со блокади имало и во Нови Сад, Ниш, Крагуевац, Крушевац, Ужице, Зрењанин, Јагодина, Нови Пазар, Лесковац, Врање, Шабац…