Александар Бежовски: Грдото лице на груевизмот

Не ја разбирам потребата за враќање на грдите лица на груевизмот во високата политика на партија за која што партија, лидерот изјави дека била реформирана.

Не ја разбирам ниту пак потребата да се формира некакво си работно тело во рамките на партијата кое што ќе ја следи реализацијата на проектите кои што градоначалниците ги ветиле пред граѓаните.

Градоначалниците единствено одговараат пред граѓаните.

Грдите лица на груевизмот со сета раскош на својата злоба и нискост имавме можност да ги чуеме во „бомбите на Заев“, некои од нас имаа несреќа лично да ги доживеат нивните нечовештини, злоба и пакост.

Истите лица немаат никакво морално ниту пак етичко право да се занимаваат со политика, а за нивната нечовечност има безброј аудио докази и еден куп трагични и тажни човечки судбини и голготи кои што траат и ден денес после 11 години режим и 4 години опозиција на поранешниот режим.

Зачудува фактот дека и самиот Мицкоски тврдеше дека ја реформирал партијата, но тоа не така. Сите настани и кадровската политика ги демантираат неговите празни зборови. Контактот со Кичеец, блискоста со Орце и другите матни структури и кадри на режимот. Враќањето на кумот на фирерот, што покажува? Аферата со поклонетите парцели? ……….

Не ми е јасно никаквата реакција на јавноста, а особено медиумите и новинарите по однос на овие сериозни показатели дека режимот не е мртов и дека има намера да се врати уште посилен?!

Формирањето на телото за некаква координација на градоначалниците директно се коси со начелата и принципите на демократијата, Уставот и законите и е показател за диктатурата коа што се уште владее во партијата.

Истото тело е во спротивност и со копенхашките критериуми за влез во ЕУ, каде што се стремиме сите, декларативно и ВМРО-ДПМНЕ.

Дали се свесни од раководството на партијата  дека тоа е загрозување на нашиот европски пат, заедно со пакетот на непочитување на меѓународно преземените обврски од Македонија, повторно презентирани од нивните апологети на тн независна телевизија?

Еден настан и две црвени знамиња дека режимот не е мртов и дека истиот се амбицира да се врати на голема врата додека сите ние сме зафатени со изборите во СДСМ. Избори кои што го направија нервозен единствениот кандидат за лидер на „реформираната“ опозициона партија, кој што беше избран за наследник на Груевски токму затоа што го немаше во бомбите.

Овој мој текст треба да се сфати сериозно, исто како што после 2006 година ги предупредував медиумите, некои новинари како и моите дипломатски влијателни пријатели дека со своето чинење или не чинење кумуваат на раѓањето на сериозен режим во Македонија со опасни врски во подземјето.