Ковачки: ВМРО-ДПМНЕ бара избори веднаш, пролет е добар термин

Пратеникот и член на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки вечерва на ТВ Сител изјави дека бараат предвремени парламентарни избори во најбрз можен рок.

„Ние бараме избори веднаш, значи што побрзо се случат толку подобро за државата, не само доколку одиме себично ние како партија тогаш би биле неискрени кон граѓаните. Затоа што себично е ако гледаме, нас ни одговара оваа состојба да продолжи да кажеме од партиска гледна точка виза ви Социјалдемократскиот сојуз. Меѓутоа она што се однесува за граѓаните и што го кажуваме, што побрзо заминат СДСМ и ДУИ и дојде нова структура компетентна, стручна која што ќе може да најде решение на проблемите ќе биде подобро за граѓаните. Според мене најдобро е да се оди, односно да се почитуваат Уставот и законите и во најбрз можен рок да се тие избори реализираат. Сега сме веќе месец декември, така да пролет од прилика е убав термин за нови предвремени парламентарни избори“, истакна Ковачки.

Тој вели дека „Македонија предолго е во чекалницата на ЕУ и време е да се отпочнат преговориза влез во ЕУ“.

„Ние уште од сега бараме предвремени парламентарни избори затоа што локалните избори го дадоа односно го дефинираа идниот состав практично на Парламентот како треба изгледа. Односно моменталната состојба во Парламентот каква што е сега не ја рефлектира волјата на граѓаните и затао ги бараме овие предвремени парламентарни избори“ – смета Ковачки.