Алтернатива прифати да биде дел од Владата и од парламентарното мнозинство

Опозициската партија Алтернатива ќе биде дел од Владата и од парламентарното мнозинство. Ова е одлучено на вечерашниот Цантрален совет – највисоко тело на партијата.

Портпаролот на Алтернатива, Орхан Муртезани соопшти дека одлуката била донесена со мнозинство гласови.

„Алтернатива одлучи да се приклучи на парламентарното мнозинство и да биде дел од оваа Влада. Сметаме дека затворањето на спорот со Бугарија не е само државна, туку и албанска цел, затоа што со затворањето на тоа прашање, се отвора патот на целиот регион кон ЕУ. Дополнително како партија бараме меѓународна истрага за случаите Монструм, Алфа, Диво Насеље. Се одлучивме на ваков чекор поради влезот во НАТО, решавање на спорот со Грција. Сметаме дека постигнувањето на договорите е голема работа за нашата држава, за Албанците, но и победа на Алтернатива“ – е ставот на партијата.

Од партијата повеќе детали околу договорот за вклучување во владиното мнозинство најавија за утре. Тогаш, на прес-конференција ќе соопштат детали околу тоа кои министерски места и ресори ќе им припаднат.