
Во „Трилинг“ гостуваат отец Милан Ѓорѓевиќ, пејачот Ѓорѓе Васиќ / Џина Папас – Џокси, писателката Фросина Пармаковска и Дарко Велков од „Вработување HR Solutions“.

„Бев малку загрижен дали ќе помине како што треба или не, меѓутоа самите реакции на слушателите и гледачите предизвикаа голем број на позитивни коментари. Тоа значи дека повторно песната допрела до народот, онака како што треба да биде“, вели Џокси за антологиската „На Велигден сум се заљубил“.

„Преродбата, значи симболиката, би била не само лична преродба која се случува на рамниште на главниот лик, на ликовите во романот, туку и на колективната преродба, на преродбата на нашето општество којашто мора да ни биде мотив за сите понатаму“, вели писателката Фросина Пармаковска.
Гледајте не на ТВ24 во 20.45ч , на youtube каналот Трилинг, како и на порталот triling.mk.