Ковачевски: Мерките на Владата се задоцнети и недоволни, потребен е итен план

Поранешниот премиер и екс-лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски, во гостувањето во „Ноќно студио“ на 4ТВ, упати остра критика до актуелната власт во однос на справувањето со ценовните шокови. Според него, граѓаните веќе се соочуваат со „европски цени“ на велигденската трпеза, додека инфлацијата директно го јаде семејниот буџет.

Како што вели мерките донесени од Владата се задоцнети и недоволни за да го спречат растот на цените. Тој посочи дека клучните прехранбени продукти и енергенси веќе достигнаа рекордно високи нивоа.

„Имаме реална инфлација која граѓаните ја чувствуваат на својот џеб. Цените на дизелот и маслото за јадење веќе се движат околу 100 денари, а растат и цените на лебот, јајцата и месото. Најмногу се погодени оние кои имаат најмалку, бидејќи храната зафаќа најголем дел од нивните приходи“, изјави Ковачевски.

Како главен извор на нестабилноста, тој ги посочи војните во Украина и на Блискиот Исток. Ковачевски објасни дека ескалацијата на конфликтот во Иран предизвикува нов бран на поскапувања:

„Македонија е увозно зависна држава од прехранбени производи. Додека не завршат конфликтите, ризикот од зголемување на цената на нафтата и храната ќе остане постојан“, предупреди тој.