
На местото од игротеката до „Капитол мол“ нема да никне парк, туку бехатонско детско игралиште
Ново, современо и функционално катче за сите жители на Аеродром – вистинска урбана оаза, вака ја најави пренамената на просторот каде до пред некое време имаше полузаградена игротека во Општина Аеродорм, до „Капитол мол“, градоначалникот Дејан Митески.
Ново, современо и функционално катче за сите жители на Аеродром – вистинска урбана оаза, вака ја најави пренамената на просторот каде до пред некое време имаше полузаградена игротека во Општина Аеродром, до „Капитол мол“, градоначалникот Дејан Митески.
Денеска тој, заедно со сопственикот на Трговскиот центар „Капитол Мол“, Ајдован Адемоски, извршија увид во градежните активности за уредување на просторот во непосредна близина на трговскиот центар, каде се оформува модерна јавна зона – наменета за дружење, рекреација и квалитетно поминување на слободното време.
Во рамките на уредувањето се поставува современо детско игралиште од отворен тип, со безбедни и квалитетни реквизити кои ќе донесат радост за најмладите.
Просторот се збогатува и со фитнес справи на отворено, урбана опрема (клупи, маси и столчиња), корпи за отпадоци, како и целосно партерно и хортикултурно уредување, со што создаваме пријатна и уредена околина за одмор и дружење за сите генерации.
Благодарност до компанијата „Сити Плаза ДОО Скопје“, која е сопственик на Капитол Мол Скопје за нивната благородна донација, високата општествена одговорност и значајната поддршка во реализацијата на овој проект, што директно го унапредува квалитетот на живот во нашата општина.
Продолжуваме посветено да го градиме Аеродром по мерка на граѓаните – модерна, зелена и урбана општина во која секој има свое место, завршува Митески.