Апелација го одложи рочиштето за Панче и Вања, осудениот Боре Видевски е болен

Денешното рочиште во Апелациониот суд во Скопје, каде требаше да се разгледуваат жалбите за случајот кој ја потресе Македонија – убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, е одложено за 11 мај.

Денешното рочиште во Апелациониот суд во Скопје, каде требаше да се разгледуваат жалбите за случајот кој ја потресе Македонија – убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, е одложено за 11 мај.

Причина за одложувањето, како што информираат од Судот, е влошената здравствена состојба на еден од обвинетите. Боре Видевски, кој е осуден на доживотен затвор во прв степен, моментално се наоѓа на болничко лекување, што ги спречи правните претставници да ја одржат предвидената седница.