Филипче: Мицкоски доцна ги прифаќа мерките на СДСМ, граѓаните веќе ја платија цената

Го слушнавме денеска премиерот Христијан Мицкоски, како доаѓа на нашето, тоа што го зборуваме повеќе недели, и од оваа партиска говорница, и насекаде по нашите канали за комуникација, рече лидерот на СДСМ, Венко Филипче.

Го слушнавме денеска премиерот Христијан Мицкоски, како доаѓа на нашето, тоа што го зборуваме повеќе недели, и од оваа партиска говорница, и насекаде по нашите канали за комуникација, рече лидерот на СДСМ, Венко Филипче.

„Еве сега, допрва ќе ги разгледувале, дел од мерките кои што ги предлагавме во изминатиот период да се олесни економската и финансиската состојба на граѓаните.

Повторно, само дел од мерките, допрва ќе ги разгледувале на владина седница. Нема храброст премиерот да признае дека мерките се добри и требаше уште тогаш, кога ги предлагавме, да се имплементираат, поради тоа што тогаш тие мерки ќе дадеа вистински ефект, односно немаше да започне спиралата на покачување на сите цени како резултат на растот на горивата.

Се поставува прашањето зошто сега и кој досега ја плати разликата во цените. Се знае, разликата во цените ја платија граѓаните. Милиони евра отидоа и кај компаниите, кои што имаа профит изминатиот период.

Како што укажувавме изминатите недели што треба да се направи, гледаме сега дека делумно премиерот допрва ќе разгледувал, сега сакаме да укажеме и на неколку други работи што сметам дека се важни. Правевме анализа со нашиот тим на економисти.

Аналитичкиот тим исто така извади неколку податоци. Сакам да ги споделам со граѓаните, со вас и со целокупната јавност.

Имено, цените на двата главни типа на нафта, според кои се одредува цената во светот, Brent Crude и WTI, од 27 февруари до денес драстично се пораснати, од 50,72, односно 63,67%.

Понатаму, во истиот период, цената на дизелот кај нас порасна за 34,5% или од 71 до 95,5 денари. Предупредувавме, ќе повторам, од самиот почеток дека растот на цените ќе повлече раст на сè друго во државата. Од транспорт, бизнисот на компаниите, најмногу тоа што граѓаните веќе го чувствуваат, растот на основните прехранбени продукти. Тие беа и така високи, сега се дополнително се вивнаа нагоре, и со тоа, кај нас храната.

Пред кризата, белиот сечкан леб од 500 грама беше 34, сега 47,5 денари во некои маркети. Зејтинот од 77,5 на 110 денари. Јајцата од 220 на 290 денари, брашното од 40 на 52,5 денари, млекото со 3,2% масленост од 67,5 на 82,5 денари. Драстичен раст на цените има на зеленчукот и овошјето. Доматите од 130 на 235 денари, домашните јаболка од 45 на 70 денари.

Ова е доказ дека граѓаните се оставени сами да се справуваат. Дека ниту премиерот, ниту било кој во владата има желба, а јас сум сигурен дека нема ни капацитет да им помогнат на граѓаните, да конструираат мерки, да ги имплементираат за да се ублажат овие ценовни шокови.

Има зголемување, внимавајте, на минималната плата од 1.667 денари. Ништо со ова не се постигнува. Скоро 68.000 денари е потрошувачката кошничка. Ако имаме предвид дека претходно порасна цената на струјата, понатаму на парното, со ова зголемување ништо не се постигнува, граѓаните не можат да го почувствуваат.

Сега ни она минимална плата која што ќе ни ја предлагаат, а која власта ја одби од 600 евра, нема да им помогне на граѓаните. Меѓутоа, дополнително, и тоа што е загрижувачко, меѓународни организации и меѓународни експерти укажуваат дека кризата ќе трае.

Повторувам, кризата ќе трае, допрва доаѓаат лошите ефекти од кризата, експертите предупредуваат и утре да заврши војната, кризата нема да заврши. При тоа, Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации, ФАО, излезе со податоци за растот на цените на храната втор месец по ред. И тоа во сите категории.

Ако имаме предвид дека поради проблемот со транспорт преку Ормутскиот теснец и транспортот е загрозен на ѓубривата вештачки за за земјоделството, тоа значи дека во следниот период, тоа е дополнителен фактор, а сега е период на сеидба, кој што ќе влијае на зголемување на цените на храната.

Притоа, индексот на цените на житарките се зголемил за 1,5%, во споредба со февруари, односно 110,4 поени, на растителни масла за 5,1%, најголем раст има кај шеќерот, чии цени се зголемени за 7,2%. Пораст на индексот на цени ФАО регистрира и кај месото и кај млечните производи.

Ама нашата влада седи и чека, Мицкоски се фали дека странски граѓани точеле гориво кај нас, во ситуација кога Комесарот за енергетика на Европската Унија, Ден Јургенсен, најавува продолжен енергетски шок и можен недостаток на количини на горива насекаде во Европа.

Значи не само високи цени, туку недостаток на количини на горива. Оттука апелирам на две работи. Апелирам владата да се свести, премиерот да почне да живее во реалноста тука кај нас, да престане вака дилетантски да ја води владата, да барем малку се замисли, помисли како живеат граѓаните и да ги прифати нашите предлог-мерки, пакет на мерки, сега, иако е касно, колку толку ќе имаат некој ефект.

Да ги прифатеше пред неколку недели, немаше да има вакви ценовни шокови за граѓаните, ниту пак други продукти и други сегменти ќе беа во ризик да поскапат цените, како што е тоа случај сега. Освен ДДВ-то за храна, за горива, акцизите за горива треба и преполовување на цените на патарините. И второ, владата сериозно да ги разгледа опциите за зголемување на државните резерви на нафта.

Да не се соочиме во следните месеци, имајќи ги предвид укажувањата на светските експерти во оваа област, со недостаток на горива. Гледаме дека во Европската Унија се препорачуваат мерки за намалено користење на возилата, за работа од дома, така што апелирам владата сериозно да си ја фати работата, освен тендерите партиски што си ги делат, зашто видовме се експерти, нека се посветат малку и на тоа што има вистинска работа. Знам дека е тешко, не е едноставно, мислат дека треба да се грижат само за себе и тука се маестрални, но граѓаните имаат реални, вистински потреби“, вели лидерот Венко Филипче на прес-конференција во партијата.