Чеферин: Италија ќе остане без ЕП2032 ако стадионите не бидат подготвени
Претседателот на Европската фудбалска федерација (УЕФА), Александар Чеферин, изрази денеска надеж дека Италија успешно ќе ги заврши инфраструктурните проекти пред Европското првенство во 2032 година, истакнувајќи оти во спротивно организацијата на турнирот ќе ѝ биде одземена.

„Европското првенство е планирано за 2032 година и се надевам дека италијанската инфраструктура ќе биде подготвена. Во спротивно, турнирот нема да се игра во Италија“, изјави Чеферин за италијанскиот весник „Газета дело Спорт“.
Италија, заедно со Турција, беше избрана за домаќин на ЕП 2032, а 11 италијански градови поднесоа кандидатури за организација на натпреварите: Рим, Милано, Торино, Верона, Фиренца, Болоња, Неапол, Џенова, Бари, Палермо и Каљари.
Меѓу потенцијалните домаќини се два стадиони кои сè уште не се изградени. Милан и Интер претходно го започнаа процесот на изградба на новиот „Сан Сиро“, додека во март Рома доби согласност од градската администрација да започне со изградба на нов стадион на североистокот од Рим.