Иран: Подгответе се за цена на нафтата од 200 долари за барел

По претходната политика на „одмазднички удари“, Иран преминува кон тактика на „континуирани напади“ врз своите противници, а САД нема да можат да ги контролираат цените на нафтата, објави оперативната команда на армијата Хатам Ал-Анби.

Хатам ал-Анбија е главната оперативна команда на иранските вооружени сили што ги координира воените операции на редовната армија и Револуционерната гарда. Тоа е штаб што ги планира и води најголемите воени операции на Иран во воени и кризни ситуации.

„Нема да дозволиме ниту еден литар нафта да стигне до САД, ционистите и нивните партнери. Секој брод или танкер што плови кон нив ќе биде легитимна цел“, рече портпаролот на командата Ебрахим Золфагари.

„Подгответе се цената на барел нафта да достигне 200 долари бидејќи цената на нафтата зависи од регионалната безбедност, која вие ја дестабилизиравте“, додаде тој.

Војната веќе доведе до силен пораст на цените на нафтата.

Во понеделникот, цените накратко се приближија до 120 долари за барел, највисоко ниво за речиси четири години, пред делумно да се намалат подоцна во текот на денот.