
Студентите во блокада во Србија најавија собири во местата на претстојните локални избори: „Секоја промена започнува со еден глас“
Студентите во блокада во Србија најавија дека в сабота ќе организираат собири во местата каде што ќе се одржат локалните избори на крајот на март.
Студентите во блокада во Србија најавија дека вo сабота ќе организираат собири во местата каде што ќе се одржат локалните избори на крајот на март.
„Секоја промена започнува со еден глас. Не чекајте промена, бидете нејзин глас“, се наведува во објавата на „Студенти во блокада“.
Собирите ќе се одржат од 16:00 до 19:00 часот.
Најавени се собири во Лучани, Севојно, Бор, Бајина Башта, Аранѓеловац, Књажевац, Кула, Кладово и Смедерево Паланка.
Претседателката на Народното собрание, Ане Брнабиќ, објави редовни избори во десет локални самоуправи во Србија за 29 март 2026 година. Граѓаните ќе избираат локални самоуправи во Бор, Аранѓеловац, Бајана Башта, Кула, Књажевац, Кладово, Мајданпек, Лучани, Смедеревска Паланка и Севојно.
Владејачката коалиција составена од СНС и СПС се појавува на заедничка листа, додека опозицијата е претежно групирана во пошироки коалиции. Покрај нив, во трката учествуваат групи граѓани, како и листи што ги претставуваат студентите.
Овие локални избори се сметаат за генерална проба за вонредните парламентарни и евентуални претседателски избори, кои државниот врв ги посочи за периодот помеѓу октомври и декември оваа година.