
Албанија: Засилено обезбедувањето на актуелниот и на поранешниот шеф на СПАК
Зголемените безбедносни мерки доаѓаат во време кога Специјалното обвинителство истражува голем број важни случаи поврзани со корупција и организиран криминал, фокусирајќи се на различни личности од криминалниот свет. Тоа со цел да ја зголеми заштитата на обвинителите и раководителите на оваа структура за време на развојот на овие истраги.
Зголемени се мерките за физичка безбедност за актуелниот шеф на Специјалното обвинителство против корупција и организиран криминал (СПАК), Клодјан Брахо и неговиот претходник Алтин Думани.
На актуелниот шеф на Специјалното обвинителство, Клодјан Брахо, му се доделени уште двајца телохранители, со што вкупниот број на полицајци одговорни за неговата лична заштита се искачи на осум.
Во меѓувреме, на поранешниот шеф на СПАК, Алтин Думани, му се доделени уште четири или вкупно осум телохранители за лично обезбедување.
Зголемените безбедносни мерки доаѓаат во време кога Специјалното обвинителство истражува голем број важни случаи поврзани со корупција и организиран криминал, фокусирајќи се на различни личности од криминалниот свет. Тоа со цел да ја зголеми заштитата на обвинителите и раководителите на оваа структура за време на развојот на овие истраги.
Одобрение за тоа донесе Комисијата за одбрана на Високиот совет на обвинители со цел зголемување на нивото на безбедност за поранешниот и актуелниот шеф на Специјалното обвинителство.
Клодјан Брахо за прв човек на СПАК беше избран во средината на декември минатата година, на место на Алтин Думани, кој беше прв шеф на обвинителстото по неговото формирање во 2022 година. Мандатот е тригодишен, без право на реизбор.