Министерство за финансии: Енергетски ефикасни се веќе 15 здравствени установи
Министерството за финансии со поддршка од Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка ја унапредува енергетската ефикасност во јавните здравствени установи и болници преку Проект за енергетска ефикасност со вкупна вредност од 9,21 милион евра.

Во овој циклус успешно се реализирани енергетски ефикасни реконструкции на 15 јавно-здравствени установи низ државата со што се обезбедени подобри услови во здравствениот сектор, а истовремено се обезбедени долгорочни заштеди на енергија.
Реализацијата на овие инвестиции во здравствените установи придонесуваат кон постигнување на заштеди преку намалување на потрошувачката на енергија, намалување на оперативните трошоци на установите и се обезбедуваат поквалитетни услови како за пациентите, така и за вработените во истите.