(ВИДЕО) Имери: Жртва правиме, но цел свет не препознава
„Буквално го оставив своето срце во музиката - целосна психофизичка, ментална посветеност на една работа којашто иако многу дава исто така и зема, како и се она кон коешто ќе пристапите со таква голема љубов, да не кажам дури и опсесија на еден позитивен начин. Пред сѐ многу, многу, многу работа вложена во музиката, во изучувањето, во процесот на образование. Студирав кај моите ценети професори коишто ми пренесоа толку многу знаење пред сѐ, но и лекции, искушенија. Практично работевме на сите оние работи коишто во мене не беа вродени, затоа што нели се вели - талентот е важен, талентот е значајна основа, но има многу пропратни работи коишто се всушност поважни од талентот, коишто се градат во оние микро моменти, онаа дисциплина, работна етика, обземеност со суштината на професијата. Значи не толку со резултатот на она што ќе го направиме, колку што со процесот. И професорите ме научија на еден начин никогаш да не бидам до крај задоволен, а пак истовремено да бидам спокоен знаејќи дека сум го дал својот максимум во секој еден момент којшто ми бил пружен. -За мене моментот на вежбање, музицирање, работа на една партитура е радост, не е жртва. Затоа би кажал дека тој долг пат не го почувствував толку како тежина и не очекував верификација, не очекував потврда од светот за мене, и на еден апсурден начин, всушност потврдите почнаа да доаѓаат сами по себе, без јас да ги бркам. И така, 20-32 година кога имав, стигнав во 10-те најдобри пијанисти во Европа. И на таа возраст тоа е една ситуација која колку што може да ви даде, може и да ви земе, Нашето општество, нашата јавност, е прашање колку ги препознава успесите на луѓето коишто живеат тука, творат тука. Повеќе тоа се зема како здраво за готово. Јас го искористив тоа за дополнителна мотивација“, изјави во „Трилинг“ Дино Имери, за тоа како изгледало неговото градење во реномиран, успешен, докажан и признаен пијанист, дома и надвор од границите на Македонија.
„Буквално го оставив своето срце во музиката – целосна психофизичка, ментална посветеност на една работа којашто иако многу дава исто така и зема, како и се она кон коешто ќе пристапите со таква голема љубов, да не кажам дури и опсесија на еден позитивен начин. Пред сѐ многу, многу, многу работа вложена во музиката, во изучувањето, во процесот на образование. Студирав кај моите ценети професори коишто ми пренесоа толку многу знаење пред сѐ, но и лекции, искушенија. Практично работевме на сите оние работи коишто во мене не беа вродени, затоа што нели се вели – талентот е важен, талентот е значајна основа, но има многу пропратни работи коишто се всушност поважни од талентот, коишто се градат во оние микро моменти, онаа дисциплина, работна етика, обземеност со суштината на професијата. Значи не толку со резултатот на она што ќе го направиме, колку што со процесот. И професорите ме научија на еден начин никогаш да не бидам до крај задоволен, а пак истовремено да бидам спокоен знаејќи дека сум го дал својот максимум во секој еден момент којшто ми бил пружен.
-За мене моментот на вежбање, музицирање, работа на една партитура е радост, не е жртва. Затоа би кажал дека тој долг пат не го почувствував толку како тежина и не очекував верификација, не очекував потврда од светот за мене, и на еден апсурден начин, всушност потврдите почнаа да доаѓаат сами по себе, без јас да ги бркам. И така, 20-32 година кога имав, стигнав во 10-те најдобри пијанисти во Европа. И на таа возраст тоа е една ситуација која колку што може да ви даде, може и да ви земе, Нашето општество, нашата јавност, е прашање колку ги препознава успесите на луѓето коишто живеат тука, творат тука. Повеќе тоа се зема како здраво за готово. Јас го искористив тоа за дополнителна мотивација“, изјави во „Трилинг“ Дино Имери, за тоа како изгледало неговото градење во реномиран, успешен, докажан и признаен пијанист, дома и надвор од границите на Македонија.
Прашан дали надвор повеќе се ценети нашите уметници отколку дома, Имери вели дека во Македонија сѐ уште се чувствува како „замрзнат“.
„Но тоа е нешто што или ќе ве демотивира, ќе ве обземе и ќе се прашувате зошто е тоа така или едноставно ќе продолжите со вашата работа и ќе ја барате вашата среќа, вашиот успех, онаму каде што ќе биде препознаена. Толку е едноставно. Јас таа рамнодушност што беше на почетокот, а потоа одеше кон завист, љубомора и многу други ситуации коишто произлегуваат од секој успех, ја доживував како добра можност нозете да ги зацврстам добро на земја после сите тие надворешни успеси и убави моменти. Си велиш, ок, се враќаме назад во лабораторија, да видиме кај сме, што сме, до кај сме, како сега може да бидеме подобри, што ова сега може да направи за мене, како јас оваа ситуација да ја искористам, да бидам уште подобар, да прогресирам, да пораснам како личност и се разбира како професионалец. И нормално првиот момент е шок, бидејќи не ја разбирате таа психологија – зошто луѓето реагираат така на успехот на нивен човек, на нивно дете, некој од средината од којашто и тие потекнуваат. Но ние сме на еден начин и одрази и на убавите нешта кај луѓето, но и на стравовите, оправданијата коишто луѓето си ги имаат – зошто тие не достигнале нешто, зошто е сега тој, а не сум јас и тн. Значи има многу наративи коишто луѓето ги користат за да си објаснат зошто се таму каде што се.
Говорејќи за зависта, љубомората кај уметниците, и дали таа постои, Имери вели дека како поминуваат годините, се поочигледно е дека за жал доминираат тие чувства.
„Јас многу ги почитувам сите мои колеги и од сите учам. Ги посетувам нивните концерти, колку што дозволува времето, и се радувам на нивните успеси. Но знаете, зависта и љубомората се тешки не толку за предметот на љубомората и зависта, колку за носителот, за оној кој тоа го чувствува, го носи во себе. И тоа е една длабока несреќа од која е многу тешко човек да излезе“, смета Имери.
Осврнувајќи се околу тоа дали е можно кај нас да настапува на сцена што би функционирала по највисоки стандарди, во амбиент во кој раководните функции ќе бидат препуштени на личности со најголем професионален и човечки кредибилитет и интегритет, имајќи предвид дека кај нас речиси се е исполитизирано, Имери вели дека за жал реалноста е таа, но сака да верува дека е возможно.
„Количината на мерката е одлука, свесност кое дно треба да се достигне пред пред да се запрашаме самите себе каде колективно одиме со сето ова. Во моментов општиот амбиент, менталитет кај луѓето, а и така е последниве години, се издвојуваат успешни индивидуалци, и на еден начин наместо да стимулираат, тие пречат, го попречуваат оној комфор којшто постои. Она статус кво во смисла на квалитетот, на интерпретација на уметност, и двоење по нешто. Оние коишто гледаат од страна страшно многу се повредуваат и навредуваат, бидејќи сте ги извадиле од нивниот комфор – сега како може тој е млад, зошто сега, не му давајте ова, не му давајте она, рано е, и почнуваат блокадите на секој начин, на секое ниво.
-Многу предрасуди постојат. Првенствено од стари и млади. Па дали може жена а биде диригент. И се влегува во терање на некои теории што не држат вода. На пример некои од најуспешните диригенти во светот се жени. Има прекрасни светски пијанистки жени. Околу политичките определби – каква врска би и мало за слушателот во публика, којшто ја следи претставата или концертот, дали уметникот е припадник или не е припадник на некаква партија, на некакво верување, идеологија. Големиот ликовен уметник со кој последните неколку години од неговиот живот се познававме, Владимир Георгиевски, ми остави една мисла која до ден денес со мене ја носам. Ми велеше – Дино, кога политиката ќе влезе во моите четки, јас нема да можам никогаш да ги измијам тие четки. И тој ми го остави тој аманет, бидејќи за него моментот на сликање, моментот на уметникување е света работа и на некој начин треба да се оддели од сите тие работи. Мислам дека ни фалат такви вистински уметнички личности, коишто се на еден начин облагородени да ги препознаат сите тие разлики, меѓутоа да ги унифицираат преку својата уметност, а не да направат уште поголем раздор.
-Многу примери имаме. Музиката на Бах е напишана во полифон стил. Полифонијата, односно повеќегласие, каде што секоја линија којашто е напишана во неговата музика е различна. Секој еден глас има свој свет, којшто е тотално различен од оној глас под него, басот, сопранот, алтот, тенорот. Сите гласови се различни, а заедно функционираат во совршена хармонија. Тоа го може музиката, тоа го можат музичарите. За жал музичарите се презафатени со работи коишто немаат врска со музика. Мислам дека секој треба да тргне пред сѐ од себе, да биде малку повеќе искрен со себе и да види до каде е, како е. Кога ќе излезете во светот, не е важно од кое семејство доаѓате, нема мама, нема тато, нема бато, стрина, тетка, сето она што кај нас е понекогаш е фактор дали некој човек ќе дојде на раководна функција, дали ќе дојде до некаков успех, концерт, фестивал или ќе биде тргнат и тн. Личната суета мора да се тргне на страна. Кога ќе дојдете во некој светски град да настапувате, како Виена, Лондон, Париз, во истиот ден имате стотици концерти. Не може ниедна врска да ви помогне да ја освоите сцената. Мора да излезете таму и да покажете она што знаете и до каде сте и како сте. Да дадете некоја вредност на луѓето што дошле, одвоиле време, дошле да ја исперцепираат вашата уметност. Сѐ уште постои тоа. Во оваа ера на дигитални технологии, човек има потреба да излезе од својот дом, да помине гужви, метроа, и тој доаѓа и влегува на концерт. Вие нешто мора да му дадете на тој човек. Кога ќе се врати дома да се чувствува исполнето, убаво, како нешто да добил. Кога одите во продавница вие купувате нешто материјално. Ова е едно доживување. Вие кога одите на концерт не купувате нешто физички, меѓутоа добивате доживување кое треба да биде незаборавно, да ве наполни со убава позитивна енергија.
-Тоа се трудам да го правам. Во Македонија сум често присутен. На моја голема среќа секогаш концертите се полни, луѓето доаѓаат, сакаат да слушаат, што ми дава чувство на оптимизам. Истовремено би кажал, позади сцената се соочуваме со многу, многу предизвици коишто најчесто јавноста не е ни запознаена со тоа“, вели Имери.