Обдукцијата потврди насилна смрт и кај втората жена од Старо Нагоричане

Завршена е обдукцијата и на втората жена за која обвинителството минатата недела нареди ексхумација по убиството во Старо Нагоричане, а првичните резултати потврдуваат дека и таа починала од насилна смрт.

Завршена е обдукцијата и на втората жена за која обвинителството минатата недела нареди ексхумација по убиството во Старо Нагоричане, а првичните резултати потврдуваат дека и таа починала од насилна смрт.

Директорот на Институтот за судска медицина, проф. д-р Александар Станков, изјави дека се подготвува писмениот извештај, кој најдоцна до понеделник треба да биде доставен до Обвинителството. Тој посочи дека кај двете жени – помладата, за која беше наредена ексхумација, и повозрасната жена од селото Челопек – е утврдена насилна смрт.

Од Обвинителството информираат дека истрагата за осомничениот од општина Старо Нагоричане е во тек и дека вештиот наод од обдукцијата сè уште не е официјално доставен. Ексхумацијата беше наредена поради сличности во изборот на жртвите и начинот на извршување на делото, со цел да се утврди дали станува збор за дела извршени од ист сторител.

Станков потврди дека се земени примероци за ДНК анализа од двете жртви, како и од осомничениот, а анализите се во тек. Надлежните институции преземаат повеќе истражни дејства, вклучително и распити на сведоци и собирање дополнителни докази, додека осомничениот во наредните денови ќе биде подложен на психијатриска процена.

Според информациите од полицијата, на 12 февруари осомничениот влегол во домот на 78-годишна жена во село Драгоманце, каде физички ја нападнал и ја задушил со перница. Поради сомнение за убиство, бил лишен од слобода 25-годишниот Т.Б. од село Малотино. Против него се водат постапки и за повеќе кражби и тешки кражби, а истрагата продолжува.