„Безбеден град“ вчера регистрирал 526 прекршоци, првпат ниту еден за минување на црвено светло
Системот за видео‑надзор „Безбеден град“ вчера регистрирал вкупно 526 сообраќајни прекршоци, соопшти Министерството за внатрешни работи. Првпат откако функционира системот, не е евидентиран ниту еден прекршок за минување на црвено светло.

Од вкупниот број регистрирани прекршоци, 84 се сторени од возачи кои управувале возило со странски регистарски таблички.
Најголем дел од прекршоците, 504 се однесуваат на управување со возило со брзина поголема од дозволената. Регистрирани се и 22 прекршоци за возење со сообраќајна дозвола со помината важност.
МВР информира дека вчера биле изречени и 17 мерки „забрана за управување со возило“, сите поради брзо возење. Од нив, 13 се изречени за брзина поголема од 80 километри на час во населено место, а четири за надминување на ограничувањето на брзината за повеќе од 10 километри на час според сопственото ограничување на возилото.
Во рамки на дозволената толеранција при мерењето брзина, системот вчера толерирал вкупно 3.336 возачи.