Кој ќе биде новиот шеф на ОЈО ГОКК, обвинителите бираат денес
Денес треба да биде познато кој ќе го биде нов шеф на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК). Јавните обвинители ќе бираат меѓу петмина кандидати – Фатон Азизи, Трајче Пеливанов, Лидија Раичевиќ, Искра Хаџи Василева и Јован Цветановски.

Гласачките места ќе бидат отворени од 08:00 до 16:00 часот, а резултатите по завршување на гласањето ќе бидат сумирани на јавна седница.
Во фокусот на петмината кандидати се јакнење на истражните капацитети, борбата против корупцијата и перењето пари, финансиските истраги, ефикасноста во постапувањето и поголемата независност на Обвинителството.
Новиот шеф на ОЈО ГОКК ќе го наследи Ислам Абази кој беше избран на оваа функција во октомври 2022 година.