Јаневска најави укинување на правните студии на приватните факултети
Министерката за образование, Весна Јаневска, по завршувањето на дебатата посветена на новиот предлог закон за високото образование, изјави дека имала конструктивна средба со претставниците на приватните универзитети. На таа средба, се договориле за укинување на правните студии на приватните факултети.

„Достигнавме согласност, речиси за сè, вклучително и за укинувањето на правните студии на приватните факултети, што беше прифатено од сите, освен од две јавни високообразовни институции. Сепак, овој закон и политиките што произлегуваат од него се во јавен интерес за државата и нејзините млади. Улогата на универзитетите е да создаваат општо добро и човечки капитал, кој е квалификуван, компетентен, но и носи морални вредности, емпатија и граѓанска одговорност. Тоа е основната функција на универзитетите.
Ако овие институции ги исполнат своите задачи, државата ќе напредува. Овој закон и политиките што ги предвидува служат за општото добро. Многу сум задоволна од тоа што приватните универзитети пројавуваат високо ниво на реакција. Ние продолжуваме да се договараме со нив, а кога ќе го комплетираме законот, повторно ќе се сретнеме за да го прегледаме и да се увериме дека сè е во ред, пред да ја финализираме последната верзија на нацртот“, изјави Јаневска.
Јаневска ги слушна забелешките од УКИМ – бараат автономија и во изборот и реизборот во звања