
Јаневска ги слушна забелешките од УКИМ – бараат автономија и во изборот и реизборот во звања
Многу забелешки имаат професорите од Факултетот за драмски уметности, како специфична професија и научна дисциплина што се изучува во високото образование, на новиот нацрт-закон за високо образование и нацрт-законот за квалитет во образованието.
Многу забелешки имаат професорите од Факултетот за драмски уметности, како специфична професија и научна дисциплина што се изучува во високото образование, на новиот нацрт-закон за високо образование и нацрт-законот за квалитет во образованието.
Ректоратот на УКИМ пак, по петочната средба, излезе со низа забелешки, од кои најмногу на автономијата и на изборот и реизборот во звања, а на денешната јавна дебата ги соопштија своите забележки пред министерката за образование Весна Јаневска.
„Минатата недела нормативната комисија интензивно работеше на овие коментари из абелешки коишто пристигнаа од УКИМ, и во петокот беше одржана седница на ректорската управа кадештобеа усвоеи заклучоците во однос на предложениот закон. Денеска на јавната дебата ќе ги изнесеме сите забележки. Очекуваме поголема автономија за универзитетот, како функционалната и кадровската автономија. Се надеваме дека некои делови кои се пререгулирани ќже бидат релативизирани, ќе бидат отстранети за да се остави поголемо автономно право на универзитетите, ќе ни се остави поголема слобода за избор и реизбор во звања, кај различни звања“, рече ректорката на УКИМ, Билјана Ангелова.
Таа рече дека се во преговори со претставници од Шангајската листа, кои треба да дојдат кај нас и да одржат обуки, за да се зголеми бројот на трудови, да се исполнат критериумите за Скопус и за Веб оф сајнс, со што очекуваат македонските универзитети да се најдат на оваа листа.
„Клучна забелешка делот ми е кој го регулира квалитетот на образованието. Тука има многу недоречености. Ќе го процениме квалитетот на високото образование оној момент кога ќе ја процениме способноста на студентот да работи на она што го студирал. За жал ние се занимаваме со некои периферни работи, а никогаш не го поставивме прашањето што значи тоа квалитет на образование“, вели Илија Ацески, професор на Филозофскиот факултет по предметите социологија, антропологија и десетина други, а кој има изработено две студии за
реформи за УКИМ.
„ФДУ има многу забелешки на законот за високо образование. ние на факултет направивме една група која се занимаваше со законот за високо образование и за квалитет и навистина имаме долг документ со забелешки. Едно што сите го забележуваат е автономноста на универзитетот, којашто иако декларативно стои, но потоа во наредните членови се нарушува таа автономност. Како уметнички факултети е речиси неземено во предвид нашата специфика и доаѓаме во судиор со многу работи, коишто реално не можеме да ги оствариме“, рече професорот Бесфорт Издири од ФДУ.
Она што најмногу се коментира за Предлог законот за високото образование се условите за напредување во звања. Ако направиме споредба, не се високи како во други европски земји. Но, мора да ги поткренеме, затоа што откако беа укинати со законот од 2018 година, квалитетот на високото образование драстично опадна и тоа мора да го промениме. Го разбирам стравот на академската заедница, разбирам дека од една фаза треба да поминеме во
друга, но критериумите кои ги предлагаме се достижни. Ова го истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска на дебата во МАНУ посветена на новиот Предлог закон за високото образование.
„Улогата на високото образование е да создава јавно добро, да создаде интелигенција која понатаму ќе ја развива државата. Да создава стручни, компетентни, но и емпатични и морални личности кои во иднина ќе обезбедат општествен просперитет. Од друга страна државата ги финансира високообразовните установи и оттука, треба да бара отчетност за трошењето на средствата и одговорност за постигнатите резултати“, рече Јаневска.
Законот, потенцираше министерката, нуди меритократија, интернационализација и мотивација за соработка која недостасува кај академскиот кадар, вклучително и научноистражувачка работа која е неделива од образовната. Рече дека предлог законот има можност за доработка, односно некои одредби ќе се променат по сугестиите на академската заедница.
Според неа, треба да се довршат сите јавните расправи, и потоа, кога ќе биде сé што треба коригирано, законот повторно ќе биде објавен на ЕНЕР неколку дена, по што ќе влезе во владина процедура. Јаневска информираше и дека во текот на вчерашниот ден е објавен и Предлог-законот за научно-истражувачка дејност. Членовите на МАНУ се согласни дека се потребни промени во високото образование, напоменувајќи дека сите забелешки кои ги имаат за законот, неделава ќе бидат доставени до Министерството за образование и наука.
Извор: Независен