
Во периодот од 16.02.2026 до 22.02.2026 од страна на системот „Безбеден град“ регистрирани се 4.910 сообраќајни прекршоци, од нив за брзо возење има 4.691 прекршоци.
За минување на затворен сигнал (црвено светло) 16 прекршоци што претставува намалување на 51.5% во споредба со минатата седмица кога беа регистрирани 33 прекршоци, а во првата недела од месецот беа регистрирани дури 163 прекршоци за минување на затворен сигнал, а за управување со возило со измината важност на сообраќајната дозвола констатирани се 203 прекршоци.
Исто така, изречени се вкупно 117 мерки „забрана за управување со возило“, чиј број бележи намалување од 20.9% во однос на минатата седмица, а во првата недела од месецот беа регистрирани дури 288 мерки „забрана за управување со возило“.