Панел дискусија за актуелните прашања и предизвиците во ракометот
Во организација на „Само Ракомет“, а под покровителство на Ракометната федерација на Македонија, денеска во Скопје ќе се одржи втората панел-дискусија на тема „Ракометот – спорт број 1?“. Како што најавуваат организаторите, настанот ќе биде поделен во три панел-сесии, на кои ќе се дискутира за актуелните прашања, предизвици и перспективи за развојот на македонскиот ракомет.

Првиот панел ќе биде посветен на влијанието на медиумите и социјалните мрежи врз ракометниот спорт. На оваа сесија ќе учествуваат Милан Лазаревски – Мечка, ракометар, новинарот Зоран Мишевски, тренерот Горан Кузмановски и психологот д-р Емилија Бошковска.
Вториот панел ќе се фокусира на развојот и промоцијата на ракометот, како и врската со училишниот спорт и почетоците на создавање на младите играчи. Учесници на оваа сесија се Филип Миркуловски – координатор на машките селекции, генералниот секретар на РФМ Влатко Тасевски, Горан Ѓоргоноски од „Ракомет за секое дете“ и Елена Мицковска од Федерацијата на училишен спорт.
Третиот панел ќе ги обработи стратешките цели и насоки за развој на ракометот во земјава. Во дискусијата ќе учествуваат Владо Недановски, спортски директор на РК Вардар 1961, Анета Антова Пешева од Сојузот на стопански комори на Македонија, претставникот на Здружението на судии Славе Николов и претседателот на РФМ Александар Стефанов.
Модератор на настанот ќе биде спортскиот новинар Перо Момировски.