Утрински температури под нулата, од денес нови врнежи од дожд

Температура до -7 степени утрово е измерена на Попова Шапка. Минусни температури се измерени и во Берово, Маврови Анови, Крушево, Крива Паланка, Тетово и во Виница. Највисоката утринска температура утрово од три степени е измерена во Гевгелија.

Според податоците од Управата за хидрометеролошки работи, најмногу дожд во последните 24 часа има наврнато во Гевгелија (26 литри на квадратен метар) и во Демир Капија (20 литри на квадратен метар).

Синоптичарите за денеска најавуваат променливо облачно време со повремен локален дожд и снег со слаб интензитет, претежно во северозападните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен по должината на Повардарието.

Максималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9 степени.

Во Скопје слично време со ветер од слаб променлив ветер. Максималната температура ќе достигне до 6 степени.