Претседателот на СДСМ во оставка Зоран Заев ќе го наследи еден од четворицата кандидати за таа позиција кои денеска до 16 часот можеа да аплицираат за лидерската позиција во владејачката партија.
Поранешната претседателка на партијата, Фросина Ременски, актуелниот заменик-министер за економија, Димитар Ковачевски, релативно непознатиот Властимир Алексовски од Куманово и актуелниот директор на ТИРЗ – Јован Деспотовски се четворицата кандидати целат кон лидерското место на Зоран Заев.
Рокот на пријавување заврши попладнево, а од партијата потврдија дека дотогаш немало нови кандидати, освен овие четворица.
Утре, според информациите, Централната изборна комисија на СДСМ ќе ги анализира и ќе ги верификува оние кандидатури според критериумите.
Изборите за нов лидер ќе се одржат на 12. Декември, во недела.