Мицкоски: Заев во заминување може да потпише договор за делумно или целосно прифаќање на бугарската Резулуција

Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска изјави дека „се сомневам и загрижен сум дека премиерот во заминување е подготвен да потпише нов договор со Бугарија кој ќе значи асимилација и директен удар на идентитетот на македонскиот народ“.

„Зоран Заев во заминување е подготвен да потпише нов договор иако нѐ убедуваше дека ги решил сите дека ги решил отворени прашања со нашите соседи во кои делумно или целосно ќе ја прифати Резолуцијата усвоена од бугарскиот Парламент од ноември 2019, ако не грешам. Тоа претставува комплетно асимилирање на македонскиот народ и директен удар врз идентитетот. Бидејќи е во заминување, загрижен сум дека може да го направи овој потег, а последиците сите ние да ги плаќаме. Имајќи ги неговите состојби во Владата и коалицијата на ДУИ, или поточно со Али Ахмети и Артан Груби, се сомневам и загрижен сум дека овие информации се вистинити и дека тоа може да се случи“ – рече Мицкоски.

Тој е категоричен дека „ВМРО-ДПМНЕ нема намера ова да го почитува, зашто тоа ќе значи директен удар врз идентитетот на македонскиот народ и асимилирање на македонскиот народ“.