СЗО со пофалби за компаниите кои подготвуваат нова вакцина против Ковид 19

„Производителите на вакцини против Ковид-19 треба да се пофалат што се подготвуваат за можноста дека ќе мора да ги приспособат своите производи за заштита од варијантата Омикрон“. Ова е изјавата која денеска ја даде портпаролот на Светската здравствена организација (СЗО) – Кристијан Линдмаер.

Тој во Женева рече дека СЗО сè уште ја проучува преносливоста и сериозноста на новата варијанта, која беше откриена во Африка.

„Многу е за пофалба што производителите на вакцини веќе почнаа да прават планови согласно кои веројатно ќе треба да ја приспособат постоечката вакцина“ – рече Линдмаер.

Тој нагласи дека ќе биде потребно уште некое време и оти не треба да се брза со заклучоците.