Се конституираше парламентот во Бугарија

За само 8 месеци, соседна Бугарија го конституираше третото Народно собрание, 47-мо по ред.

Еден од лидерите на победничката партија „Промените продолжуваат“ Кирил Петков најави состав на политичка Влада до крајот на следната недела, а во преговори за новиот кабинет се уште 4 партии, иако засега конкретни имиња не се откриваат.

Никола Минчев е избран за претседател на Народното собрание на Бугарија, откако за него гласаа 158 пратеници, 72 беа против и само еден беше воздржан.

Според него, гласачите од нив очекуваат тимска работа во интерес на Бугарија, а не авторитарни одлуки.