Запрена е истрагата за шестмина полицајци осомничени за предизвикување општа опасност за „Пулс“
Според неофицијалните информации, било утврдено дека нивните овластувања не биле поврзани со контрола на противпожарни мерки, туку за проверка на сообраќајната безбедност и паркинг просторот на објектот. Поради тоа, наводно Обвинителството сметало дека овие полициски службеници не можат да се гонат за смртните последици од пожарот, туку за друго кривично дело, односно за злоупотреба на службената положба.
Запрена е истрагата за шестмина полицајци и началници што беа осомничени за кривичното дело предизвикување општа опасност во случајот за трагичниот пожар во т.н. кабаре „Пулс“ во Кочани.
Според неофицијалните информации, било утврдено дека нивните овластувања не биле поврзани со контрола на противпожарни мерки, туку за проверка на сообраќајната безбедност и паркинг просторот на објектот. Поради тоа, наводно Обвинителството сметало дека овие полициски службеници не можат да се гонат за смртните последици од пожарот, туку за друго кривично дело, односно за злоупотреба на службената положба.
Со истрагата за „Пулс“ се опфатени уште 20-тина други полициски службеници, осомничени за делото предизвикување на општа опасност. Од Обвинителството за утре најавуваат официјална информација за тоа дали и против колку од осомничените полициски службеници ќе биде поднесено Обвинение.