„Македонија 2025“ објави повик за користење бесплатна експертска поддршка од канадски советници

„Македонија 2025“ објави повик за Битов - Програмата за претприемачи, која е основана во соработка со Catalyste+ (поранешна CESO - Canadian Executive Service Organization) - канадска организација со 50 годишнo искуство во меѓународниот економски развој што работи на развој на приватниот сектор односно бизниси кои ќе просперираат на национално и меѓународно ниво. Повикот е наменет за македонски микро, мали и средни компании за користење на бесплатна експертска поддршка од канадски советници, а краен рок за пријавување е 15 март 2026 година.

Македонија2025 објави повик за Битов – Програмата за претприемачи, која е основана во соработка со Catalyste+ (поранешна CESO – Canadian Executive Service Organization) – канадска организација со 50-годишнo искуство во меѓународниот економски развој, што работи на развој на приватниот сектор, односно бизниси што ќе просперираат на национално и меѓународно ниво. Повикот е наменет за македонски микро, мали и средни компании за користење бесплатна експертска поддршка од канадски советници, а краен рок за пријавување е 15 март 2026 година.

„Македонија 2025“ целосно ја покрива тарифата за советникот, како и доаѓањето до Македонија, а компаниите имаат обврска да обезбедат сместување, оброци и локален транспорт за советникот (доколку е потребно).

Програмата е наменета за микро, мали и средни компании со минимум една година од постоење на компанијата, чиј сопственик и управител е македонски државјанин и жител; да има лице од компанијата што ќе му биде постојано достапно на консултантот, најтесно ќе соработува со него за време на посетата и има добро познавање на англиски јазик; да има високо ниво на посветеност од страна на менаџментот на компанијата; да е во добра финансиска состојба (има можност за спроведување на промените и препораките од консултантот); да ги исполнуваат критериумите за микро, мали и средни компании.

Во повикот се бара компаниите да бидат од дејностите: туризам и угостителство, финансии, агробизнис, ИКТ, менаџмент на природни ресурси, обновливи извори на енергија, прехранбена индустрија итн., а предност ќе имаат компании што се извозно ориентирани и нудат иновативни решенија.

– „Македонија 2025“ има заедничка мисија со Catalyste+ да влијае на подобрување и зајакнување на конкурентноста на македонските компании и ја спроведува оваа програма во Македонија од 2018 година. Досега преку оваа програма се поддржани над 30 македонски компании. Советниците на Catalyste+, кои се професионалци со богати професионални кариери, ќе ја донесат својата експертиза директно во Македонија и ќе работат на конкретни предизвици со кои се соочуваат македонските компании во согласност со нивните барања и потреби – се прецизира во објавата од „Македонија 2025“ за повикот.