
Од ноќеска нашата земја ќе биде под влијание на влажна воздушна маса и циклонска активност, што ќе донесе промена на времето со врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат обилни.
Според дежурниот синоптичар Ленче Ризова, се очекуваат локални врнежи од над 30 литри на метар квадратен, а не се исклучени и ретки грмежи.
Утре ќе биде облачно со врнежи од дожд. На планините врнежите ќе преминуваат во снег. Во вторник, во претпладневните часови, особено во источните делови, сè уште ќе има слаби врнежи од дожд во пониските места, додека на повисоките места и на планините ќе врне дожд и снег. Попладне се очекува стабилизација на времето.
Кон крајот на денот во среда и во текот на четврток, пристигнува нов влажен бран кој ќе донесе локални врнежи од дожд, а на планините снег.
Во главниот град утрешното утро ќе започне со повремени врнежи од дожд. Интензитетот ќе се зголеми попладне и во текот на ноќта, кога врнежите ќе бидат пообилни. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.