
„Америка останува клучна сила во светот, а за Европа и Балканот незаменлив безбедносен фактор. Можат да се менуваат администрации и стилови, но интересите (тука мислам на безбедност, стабилност, трговија, технологија, енергетика) остануваат.
-Нашата работа е да бидеме држава што знае што сака, држава на која може да ѝ се верува, и држава што е дел од решението, не дел од проблемот. Затоа мојата порака е: Македонија не се движи по инерција, ниту се фаќа за „модни“ геополитички трендови. Ние сме прогресивни во амбицијата. Сакаме да бидеме модерна европска држава, со силни институции и економија“, вели во интервју за „Локално“ Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија на Македонија.
Во време кога многу лидери во Давос зборуваат за „рушење на стариот светски поредок“, за Македонија најважно е да остане внимателна и со јасен компас, вели министерот.