Дел од најдобрите филмови од „Киненова“ во Кинотека на Македонија

Во Кинотека на Македонија од денеска до сабота ќе бидат прикажани избрани содржини од фестивалот „Киненова“, кои носат свежи авторски перспективи и современи филмски практики. Станува збор за филмови кои биле наградени на „Киненова“ како: „Помеѓу боговите“ на Вук Ршумовиќ, „Чувари на формулата“ на Драган Бјелогрлиќ, „ПАНОПТИКОН“ на Ѓорѓи Сикарулиѕе и други наслови.

Под мотото „Најдоброто од Киненова“ љубителите на филмската уметност ќе можат да погледнат филмови што со ангажиран и аналитичен пристап  отвораат културни и општествени прашања.

Во ова зимско издание на „Киненова“ ќе може да се погледнат и филмовите „Таква каква што сум“ на Даг Јохан Хаугеруд, кој годинава беше гостин на Фестивалот и „Татко“ на Срдан Голубовиќ, кој беше член на жирито на годинешното јубилејно издание на МФФ Киненова.