Македонската репрезентација со гол во последната секунда ја совлада Романија

Македонската ракометна репрезентација вечерва во Хернинг во драматичен натпревар ја совлада Романија со 24-23 и со триумфот обезбеди статус на носител во жрепката за плејофот за следното Светско првенство, а за пласман во главната фаза на тековното Европско првенство ќе треба да го чека исходот од завршниот дуел во групата Б и да се надева на победа со двоцифрена разлика на домаќинот Данска над Португалија.

Македонската ракометна репрезентација вечерва во Хернинг во драматичен натпревар ја совлада Романија со 24-23 и со триумфот обезбеди статус на носител во жрепката за плејофот за следното Светско првенство, а за пласман во главната фаза на тековното Европско првенство ќе треба да го чека исходот од завршниот дуел во групата Б и да се надева на победа со двоцифрена разлика на домаќинот Данска над Португалија

Македонските ракометари во текот на целиот натпревар беа во резултатска предност која на полувремето изнесуваше плус четири голови, а во неколку наврати достигнуваше и највисоки плус пет. Сепак, темпото во играта на македонската репрезентација падна во завршните 15 минути и во драматична завршница Костески со гол во последната секунда донесе минимална победа.

Избраниците на Кирил Лазаров фуриозно го отворија натпреварот со ефикасен напад и гранитна одбрана.

По воведните 3-0 во 5. минута, голот на Костески минута подоцна беше поништен поради престап, а во следниот напад Велкоски на реализираше во ситуација „еден на еден“ со романскиот голман.

Сепак, капитенот Кузмановски беше прецизен за почетни највисоки 4-0 пред Романците да го постигнат својот прв гол на натпреварот преку Станчук од пенал во 11 минута.

На средина на полувремето, предноста на Македонците изнесуваше 6-3, а со идентична предност (10-7), натпреварот влезе во завршни пет минути од полувремето.

Ѓоргиев во продолжение изнуди исклучување и седмерец кој Кузмановски го реализираше за плус четири разлика, а Пешевски во 28 минута беше прецизен за највисоки плус (12-7).

Романците одговорија со серија од 2-0, но Костески по „цепелин“ со Џонов беше прецизен во завршниот напад за предност на полувремето од четири голови разлика.

Митев го реализираше првиот напад по паузата за предност од пет голови, а во продолжението Костески и Пешевски не реализираа од изгледи позиции, што Романците го искористија да ја намалат негативата на 15-12.

Уследи криза во играта на македонскиот состав принудувајќи го Лазаров да побара тајмаут во 46. минута при водство од 19-17.

Кузмановски со „сув лист“ од седум метри, зголеми на 20-17, а откако Аларов веќе во следниот напад на Романците доби црвен картон, уследија уште две исклучувања во македонските редови и серија неискористени напади кон романскиот гол.

Романија во 57. минута прв пат дојде до израмнување на резултатот (22-22), но Кузмановски од седум метри во завршната минута го врати водство (23-22) во период кога македонската репрезентација повеќе од шест минути беше без постигнат гол.

Романците го реализираа последниот напад за израмнување 23-23 на седум секунди до крајот, кои, сепак, беа доволни за брз напад на македонската репрезентација и реализација на десното крило Костески со звукот на сирената за конечни 24-23.