
Данците испраќаат нови војници во Гренланд, и началникот на ГШ оди со нив
Вчера началникот на Арктичката воена команда, данскиот генерал-мајор Сорен Андерсен, изјави дека повеќе од 200 војници се моментално стационирани во Гренланд и потврди дека авиони на воздухопловните сили патролираат по источниот брег на тој арктички остров.
Данска одлучи да испрати нови војници во Гренланд. Како што најавија, ќе има „значително зголемување“ на бројот на дански војници во Гренланд.
Портпаролот на данската армија изјави за „CNN“ дека војниците ќе бидат распоредени подоцна вечерва.
Војниците ќе бидат испратени во општината Кангерлусуак, рече портпаролот.
Кангерлусуак, на југозапад од островот, се наоѓа во Арктичкиот круг.
Началникот на Генералштабот на данската армија, генерал-мајор Петер Бојсен, ќе биде распореден заедно со војниците, додаде портпаролот.
Вчера началникот на Арктичката воена команда, данскиот генерал-мајор Сорен Андерсен, изјави дека повеќе од 200 војници се моментално стационирани во Гренланд и потврди дека авиони на воздухопловните сили патролираат по источниот брег на тој арктички остров.
Според него, во Гренланд, најмалку 100 војници се стационирани во главниот град Нуук, а дополнителни 100 во Кангерлусуак.
Андерсен повика на смиреност и нагласи дека во моментов нема воена закана за Гренланд. Тој не сакаше да го открие точниот број на војници во Гренланд, но потврди дека француските специјални сили пристигнале во Кангерлусуак и спроведуваат обука.
„Данските сили имаа два борбени авиони кои патролираа по источниот брег на Гренланд, а беа поддржани од француски воен авион за полнење гориво од воздух“, рече Андерсен, додавајќи дека нема закана од САД и дека населението може да биде мирно.
Тој им порача на граѓаните на Гренланд да продолжат со своите животи и да го искористат доброто време во Нук.