Македонија одигра нерешено со Португалија – 29:29

Во невидена драма во Хернинг македонската ракометна репрезентација успеа да ја изненади големата Португалија, но не и да дојде до победа. Одигра без победник 29-29, реми кое многу тешко може да не однесе во главнта рунда, иако за малку избега шансата за победа против полуфиналистот од последното светско првенство.

Во невидена драма во Хернинг македонската ракометна репрезентација успеа да ја изненади големата Португалија, но не и да дојде до победа. Одигра без победник 29-29, реми кое многу тешко може да не однесе во главнта рунда, иако за малку избега шансата за победа против полуфиналистот од последното светско првенство. Последната средба од групната фаза се игра на 20. јануари противник е Романија.

Ракометарите играа храбро до крај, иако во еден момент од вториот дел од натпреварот негативата беше пет гола разлика. Сепак, таа предност на Португалците постепено се топеше и во последните неколку минути се играше гол за гол. Поточно, од 50-тата минута, Македонија на крилата на Томовски, но и капитенот Кузмановски успеа да го подигне тимот, запиша три важни одбрани, а Македонија стигна до нерешено. 26-26 на пет минути до крајот, откако направи серија од 3-0. При резултат 27-28 за Португалија , судиите после прегледување на снимка досудија седум метри за Македонија и исклучија играч на противникот. Кузмановски од седум метри донесе ново израмнување 28-28. На две минути до крајот Велковски донесе 29-29. Португалија го имаше последниот напад, Томовски запиша две одбрани, на Серафимов топката му падна од раце, на крајот мечот заврши без победник 29-29.

Фантастични 15 гола за Филип Кузмановски, Атанасијевиќ и Велковски псотигнаа по четири гола, додека пак Стојковиќ додаде свои два.