Мицкоски го впери прстот во Пендаровски за кривична одговорност

Уредбите на поранешниот претседател Стево Пендаровски во време на пандемијата на короната може да биле спротивни на Уставот и законите, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Уредбите на поранешниот претседател Стево Пендаровски во време на пандемијата на короната може да биле спротивни на Уставот и законите, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Тој рече дека од уредбите донесени во периодот на вонредна состојба сѐ уште не се разгледани и усвоени од Собранието на Македонија. Според него, токму Собранието треба да се произнесе за нивната уставност и законитост, за да се утврди дали постои евентуална одговорност.

Мицкоски истакна дека во јавноста постојат сериозни сомневања оти одлуките донесени од Пендаровски во тој период биле спротивни на Уставот и законите, што, доколку се потврди, отвора прашање за институционална и кривична одговорност. Тој нагласи дека сега останува да се види дали обвинителството ќе реагира и ќе отвори постапка по овие наводи.

Премиерот денеска не сакаше директно да коментира за тврдењата на кардиохирургот Жан Митрев, според кои поранешниот премиер Зоран Заев и поранешниот министер за здравство Венко Филипче вршеле притисок врз него за да му биде одземена неговата клиника.