Скопјанка нападнала полицаец пред полициска станица

52-годишна скопјанка е приведена откако физички нападнала полициски службеник додека извршувал службени дејствија, соопшти Министерството за внатрешни работи.

52-годишна скопјанка е приведена откако физички нападнала полициски службеник додека извршувал службени дејствија, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Инцидентот се случил на 10 јануари околу 20:40 часот пред Полициската станица Гази Баба во Скопје, кога Е.Д. (52) му се заканувала и го нападнала полицаецот.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.