
Промоција на „Огнени рози“ од Лина Кепсарова
„Огнени рози“ е интимна поетска целина која низ лирски писма и песни го истражува односот меѓу љубовта, копнежот и емоционалната сувереност. Збирката отвора простор за размислување за нежноста, автономијата и слободата во љубењето, преку силен и ранлив поетски глас.
Збирката поезија „Огнени рози“ од младата уметница Лина Кепсарова ќе биде промовирана денеска во 12 часот, во просторот The Dude Specialty Coffee.
„Огнени рози“ е интимна поетска целина која низ лирски писма и песни го истражува односот меѓу љубовта, копнежот и емоционалната сувереност. Збирката отвора простор за размислување за нежноста, автономијата и слободата во љубењето, преку силен и ранлив поетски глас.

Насловната страница е авторско уметничко дело на Лина Кепсарова, создадено во рамки на изложбата „Иницирај Промена! Креирај Гласно“, иницијатива на Здружението „Биди Човек“.
Лина Кепсарова е 16-годишна млада уметница и ученичка во Средното ликовно училиште во Скопје. Покрај визуелната уметност, таа активно се изразува и преку поезијата, како дел од иницијативата „Иницирај промена! Креирај гласно“, каде работи на себеспознавање и охрабрување на младинскиот глас. Таа е авторка на збирката поезија „Огнени рози“ — интимен и лирски дијалог меѓу копнежот и љубовта, составен од поетски писма до таен обожавател. Книгата ја истражува нежноста, автономијата и емоционалната сувереност, славејќи ја љубовта како простор на слобода, а поезијата како искрен и храбар израз на срцето.