
Возрасен кавадарчанец се бори со тешки телесни повреди откако во него удрило патничко возило вчера попладне. Несреќата била пријавена во 14:20 часот во ОВР Кавадарци.
Според информациите од СВР Велес, несреќата се случила на улицата „Мито Хаџи Василев“. Возило „југо“ со локални регистарски ознаки, управувано од 58-годишниот Ц.П., налетало на пешакот Д.К. (93) од Кавадарци. По ударот, повредениот веднаш бил пренесен во Општата болница во Кавадарци каде лекарите му констатирале тешки повреди.