„Хегел е мртов“ од Гордана Стојановска во издание на „Македонска реч“

Во издание на „Македонска реч“, деновиве од печат излезе книгата „Хегел е мртов“ од Гордана Стојановска. Станува збор за седумгодишно истражување (во периодот 2018 – 2024 година) во научниот оддел во централната библиотека „Браќа Миладиновци“ при ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје. Авторката опширно и аргументирано, преку статистички анализи, дава одговор на прашањата колку и што читаат скопјани, во кој период од годината повеќе или помалку се чита, кога постигнала библиотеката најдобри резултати во своето работење и зошто во времето на актуелната управа, на чело со директорката Снежана Стојчевска, го достигна најниското ниво во својата историја.

Во издание на „Македонска реч“, деновиве од печат излезе книгата „Хегел е мртов“ од Гордана Стојановска. Станува збор за седумгодишно истражување (во периодот 2018 – 2024 година) во научниот оддел во централната библиотека „Браќа Миладиновци“ при ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје. Авторката опширно и аргументирано, преку статистички анализи, дава одговор на прашањата колку и што читаат скопјани, во кој период од годината повеќе или помалку се чита, кога постигнала библиотеката најдобри резултати во своето работење и зошто во времето на актуелната управа, на чело со директорката Снежана Стојчевска, го достигна најниското ниво во својата историја, се наведува во информацијата од „Македонска реч“.

Освен тоа, книгата е посветена и на прашањата за значењето на знаењето, книгата како извор на знаење, библиотеката како јавно добро, улогата на библиотекарот за крајниот успех на библиотеката, предизвиците на општеството пред хиперпродукцијата на информации и електронските публикации и библиотеки.

Стојановска го помина својот работен век како библиотекар во научниот оддел во централната библиотека „Браќа Миладиновци“ во Градската библиотека на Скопје. Автор е и на монографиите „70 години Градска библиотека ’Браќа Миладиновци‘“ и „Комплетирање на библиотечни фондови“, како и на книгите „Во одбрана на меморијата“ и „Ќерката на сонцето“.