Ваљбон Лимани со жителите на Равен разговараше за соработка и визија за иднината
Кандидатот за градоначалник на општина Гостивар на повторните избори, Ваљбон Лимани, во рамки на предизборната кампања оствари средба со жителите на селото Равен. На средбата присуствуваше и претседателот на Советот на општина, Валдет Џафери, а тема на разговор биле потребите и приоритетите за едно од најбројните населени места во општина Гостивар.

Жителите на Равен ги искажаа нивните мислења и дадоа предлози кои се во насока на подобрување на животот, иднината и развојот. Лимани оцени дека средбата била корисна и притоа како што рече низ отворениот дијалог поставена е основа за носење на фер одлуки и конкретни проекти во интерес на граѓаните.
– Сакам да им се заблагодарам на жителите на Равен за нивното учество, поддршка и покажаната доверба. Само заедно, со граѓаните, може да се изгради поразвиена и пофер општина за сите, рече Лимани.
Ваквите средби, кандидатот за градоначалник од коалицијата Национална алијанса за интеграција, Ваљбон Лимани ќе продолжат и во наредните денови, како дел од кампањата за презентацијата на визијата за Гостивар.