
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, утрово на пред новинарите, меѓу останатото, изјави дека покачувањето на цената на струјата е резултат на криза што потекнува од потфрлањето на енергетскиот сектор.
-Трите денари покачување ќе повлече поскапување на сите други продукти. Следи бран на огромни поскапувања на цените на се, меѓу кои и елементарни намирници како леб млеко, јајца. А притоа нема најава за зголемување на платите – кажа Филипче.
Филипче зборуваше и за закочувањето на интегративниот процес.
-Се е тоа резултат на корупција и криминал. Нема реформи во правосудството. Не се отвораат врати за европското обвинителство и така се пролонгира корупцијата и криминалот. Преку своите медиумски кујни измислуваат проблем со Бугарија – низ извртување на фактите и спинување. За нешто да се претстави како предавство, со цел да нема европско правосудство и европски обвинителни и да цвета криминал и корупција – изјави Филипче