Од 1 јануари ќе се зголеми партиципацијата за здравствени услуги

Од 1 јануари 2026 година граѓаните ќе плаќаат нешто повисока партиципација за дел од здравствените услуги, најавија од Фондот за здравствено осигурување (ФЗО). Зголемувањето е оценето како „симболично“ и, како што посочуваат надлежните, претставува усогласување на цените кои со години не биле коригирани.

Според најавите, партиципацијата за услугите за кои досега се плаќаа 40 денари ќе се зголеми на 60 денари. Од ФЗО нагласуваат дека оваа корекција нема значително да го оптовари буџетот на граѓаните, но ќе придонесе за подобро финансирање на здравствениот систем.

Специјалистичкиот преглед ќе се зголеми од 380 денари на 720 денари. Најголемо зголемување ќе има општиот пакет за итни случаи, од 780 денари на 2.450 денари.

Паралелно со зголемувањето на партиципацијата, предвидени се и поголеми плаќања кон здравствените установи, особено за специјалистичко-консултативните услуги, со цел подобрување на квалитетот и достапноста на здравствената заштита.

Од Фондот најавуваат и други промени во текот на 2026 година, меѓу кои и проширување на позитивната листа на лекови, што, како што велат, треба да донесе директна корист за пациентите.