Апелација за една година му ја зголеми казната на возачот кој ја усмрти Фросина

Васил Јованов, момчето кое ја прегази и усмрти Фросина Кулакива ќе треба да одлежи 13 години во затвор, бидејќи Апелациониот суд за една година му ја зголеми првостепената затворска казна која му ја досуди Кривичниот суд, од 12 години.

Васил Јованов, момчето кое ја прегази и усмрти Фросина Кулакива ќе треба да одлежи 13 години во затвор, бидејќи Апелациониот суд за една година му ја зголеми првостепената затворска казна која му ја досуди Кривичниот суд, од 12 години.

-Апелациониот суд Скопје во интерес на јавноста и медиумите информира дека, постапувајќи по кривичниот предмет КЖ-696/25, по одржана јавна седница на 06.10.2025 година, а по спроведено советување и гласање на нејавен дел од седницата на ден 27.10.2025 година, донесе пресуда со која

– ја уважи жалбата на Основото јавно обвинителство Скопје и ја одби како неоснована жалбата на обвинетиот В.Ј. од С.

Пресудата на Основниот кривичен суд Скопје ја преиначи во делот на кривичната санкција, на начин што обвинетиот В.Ј. од С. кој со првостената пресуда е огласен виновен за кривично дело Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став2 в.в со член 297 став 1 од Кривилниот законик, се осудува на казна затвор во траење од 13-тринаесет години. Во останатиот дел првостепната пресуда се потврдува, велат од Апелација.

Кобната сообраќајка се случи на почетокот на годината, а според пресудата, Јованов без возачка дозвола, под дејство на алкохол и на црвено светло удрил во Кулакова, која поминувала на зелено светло, при што таа починала на лице место.