
Екс специјалната обвинителка – Катица Јанева, која е осудена на 7 години затвор, од кои веќе 4 години е во КПУ „Идризово“, на почетокот на неделата си замина дома, го напушти затворот.
„Заради интерес на повеќе претставници на медиумите околу Условниот отпуст на поранешната обвинителка, правосилно осудена во предметот познат како „Рекет“, ја информираме јавноста дека:
На 12.12.2024 година Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје, по предлог на осудената К.Ј., правосилно осудена со предметот КОК 116/19, донел решение со кое се прифаќа предлогот и на осудената и се дозволува условен отпуст од издржување на затворската казна, кој започнува од 21.12.2025 година, а трае до 21.08.2026 година.“ – информираат од Крицичниот суд – Скопје
„Односно од 7 годишната затворска казна, која ја издржува осудената, дозволен е условен отпуст од 8 месеци.“ – додаваат тие.