
Организаторите најавуваат мирен протест за поддршка на ОВК, од МВР се подготвуваат за сите сценарија
Протестот е јавен и на него може кој сака да учествува – се очекува тоа да биде семеен протест, а работиме на тоа тој да се одвива целосно мирно. Имаме определено редари кои ќе се грижат се да помине во најдобар ред, а во постојана комуникација сме и со полицијата и другите институции, изјави за Фокус Бујар Дардишта од иницијативниот одбор за организација за на митингот за поддршка на ОВК.
Нема да се дозволат и ќе бидат спречени секаков вид на провокации, бидејќи основната намера е со мирен, но масовен протест, на демократски начин да се изрази поддршка на основачите на Ослободителната војска на Косово (ОВК), кои се соочуваат со судски процес во Хаг. Ваква најава доаѓа од иницијативниот одбор спроти утрешниот протест на плоштадот „Скендербег“ во Скопје. На кој, според, најавите, се очекува масовно присуство, меѓу кои не исклучено, еден дел од присутните да бидат и од соседството.
Протестот е јавен и на него може кој сака да учествува – се очекува тоа да биде семеен протест, а работиме на тоа тој да се одвива целосно мирно. Имаме определено редари кои ќе се грижат се да помине во најдобар ред, а во постојана комуникација сме и со полицијата и другите институции, изјави за Фокус Бујар Дардишта од иницијативниот одбор за организација за на митингот за поддршка на ОВК.

Митингот во Скопје е продолжение на серијалот протести, по Хаг, Стразбур, Приштина и Тирана, со кои се бара ослободување на основачите на ОВК, меѓу кои Хашим Тачи и Кадри Весели. Се бара правда за нив, затоа што сите обвиненија се фабрикувани и се базираат на лажни докази и тоа е основната порака што ќе се испрати од протестот, вели во изјава за Фокус портпаролот на ДУИ Арбер Адеми. Протестот, дополнува тој, не треба да се разбере како провокација и не е насочен против никого, туку израз на демократско право на таков начин да се испрати порака против процесите во Хаг. ДУИ, како и другите партии на Албанците во Македонија, дава максимална поддршка на протестот, а лидерот Али Ахмети на него нема да се обрати како прв човек на партија, туку, како еден од коосновачите на ОВК, ја објаснува Адеми активната улога на “интегративците“ во подготовките за утрешниот протест. Јавна поддршка на протестот веќе дадоа и двете крила на Алијансата на Албанците, како и од владиниот партнер ВРЕДИ.
Премиерот Христијан Мицкоски, во пресрет на митингот во главниот град, порача дека нема да успеат намерите за провокации, ќе се фомира кризен штаб и ќе бидат преземени сите безбедносни мерки пред и по неговото одржување. Од полицијата за Фокус ги потврдуваат најавите на премиерот. За утрешниот протест ќе функционира оперативен штаб, што претставува стандардна процедура за секој најавен граѓански собир од поголем обем. Во таквиот штаб учествуваат претставници од сите организациски единици од Бирото за јавна безбедност кои оперативно постапуваат по настанот. Ќе се спроведат сите безбедносни мерки во согласност со важечките прописи со цел да се обезбеди безбеден и непречен тек на јавниот собир, велат од МВР.
Извор: Фокус